Историја ...

 

Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ денес работи како дел од Домот на културата “Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци. Домот на Културата од Кавадарци, уште од неговото оформување во 1953год, се грижи за Македонскиот фолклор и традиција. Така бил формиран Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“. Денес Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ успешно учевствува на концерти во Македонија и во странство, со три категории на играорци. Долгогодишната активност на Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ придонесе Македонските народни песни  ора да бидат гледани и слушани не само на сцените во Македонија туку исто така и на многу концерти во Европските земји, со тоа што Фолклорниот Ансамбал завзема учество на важни фестивали и концерти. До 2007 година, Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ има настапувано во Турција, Словенија, Романија, Србија, Германија, Хрватска, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Големиот репертоар на Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ содржи кореографии од Македонските народни песни и ора и сплетови ора,  како “Невестинско оро“, “Тресеница“  “Калајџиско“, “Старо Тиквешко“, “Шајно“, сплет “Источна Македонија“  “Повардарие“, “Заспало девојче“, сплет “Егејски игри“, сплет “Скопски игри“, сплет “Гроздобер“, сплет “Преспански игри“ и други.

Сите кореографии се изведуваат во оригинални Македонски народни носии и се придружени од оркестар од народни инструменти. Со овој начин на работа, Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ е препознатлив,  и е карактеристичен за ваков вид на ансамбл.

Огромниот ентузијазам, љубовта кон Македонскиот фолклор и желбата за подобра презентација пред публиката, предводени од традицијата и одличното дружење како и желбата за успех, се главните карактеристики по кои е претпознатлив Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ од Кавадарци, Република Македонија. Кавадарци е центар на најголемиот регион за вино на Балканот - Тиквешкиот регион.

 

This text will be replaced by the flash music player.

Македонски     English

 

© Copyright Folkloren Ansambl Tikves 2008, All rights reserved

Designed by Vasko Panovski

free hit counter