Актуелно...

 

Новости!!!

Tурнеја на ФА “ТИКВЕШ“ во Република Полска

Најголемиот културен амбасадор на Кавадарци веќе е во Европа. Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш,, од 5 до 12 јули 2010 година како претставник на Македонија ќе учествува на XV International Folk Festival "Kacztelania 2010". Фестивалот ќе се одржи во градот Сиерпц, Република Полска. Меѓу другите учесници се и фолклорни ансамбли од Египет, Полска, Турција, Порторико, Украина и Шпанија.
Фолклорниот ансамбл ,,Тикве
ш,, се подготвува во најдобро светло да ги претстави Кавадарци и Македонија, македонскиот фолклор, култура и традиција. Интензивните подготовки за учество на овој еминентен фестивал веќе започнаа, со цел максимална подготвеност за обемната фестивалска содржина. Организацијата на патувањето исто така започна. Се очекува подршка од Локалната самоуправа, но и од стопанските субјекти, бидејќи ова е извонредна шанса за претставување во пријателска Полска не само на културата, туку и на општинските, стопанските, туристичките и спортските субјекти од Кавадарци.
Подготовките, сериозните проби, дисциплината и пред се љубовта кон македонскиот фолклор
ќе направат Кавадарци уште еднаш да биде горд на Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш,,

 

Архива:

...   2007  ...    2008  ....   2009

Sample Flash Music Player Embed Code

This text will be replaced by the flash music player.

Македонски     English

 

© Copyright Folkloren Ansambl Tikves 2008, All rights reserved

Designed by Vasko Panovski

free hit counter