Настани во 2008...
Слики од годишниот концерт на ФА “ТИКВЕШ“ - 27.12.2008 Сликите како доказ за успешноста на годишниот концерт на Фолклорниот Ансамбл “ТИКВЕШ“ кој се одржа на 27.12.2008. За голема слика кликнете на самата слика. Исто така сликите можете да ги погледнете и во Галеријата.
Годишен концерт на ФА “ТИКВЕШ“ - 27.12.2008 На 27.12.2008, сабота, со почеток од 19.30 часот, во салата на Домот на културата “Иван Мазов-Климе“ - Кавадарци, ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Фолклорниот Ансамбл “ТИКВЕШ“. Љубителите на фолклорот, народните песни и ора, ги очекува убава вечер во уживање на настапите на кавадаречките културни амбасадори. Влезницата изнесува само симболично 30 денари. Воедно, Фолклорниот Ансамбл “ТИКВЕШ“ Ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници!
Гостување на КУД “Жарко Зрењанин“, Србија Од 17 октомври до 19 октомври 2008 година, во Кавадарци ќе гостува КУД “Жарко Зрењанин“ од Баваниште, Србија. Доаѓаат по покана на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ , како резултат на големото пријателство помеѓу членовите на двата ансамбла. За точниот термин на големиот заеднички концерт и другите пропратни активности ќе Ве информираме наредните денови.
“Тиквешки Гроздобер 2008“ Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ и на годинешниот “Тиквешки гроздобер“ ќе учествува во сите програмски содржини на манифестацијата. Во петок, на 5 септември 2008 год. во вечерните часови на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе настапи со одбрана програма, заедно со гости од Македонија и од странство. Во недела, на 7 септември 2008 год. кавадаречките играорци ќе учествуваат во “Винскиот карневал“ со специјална атрактивна кореографија. Не го пропуштајте овој настан за уживање!
Настап на Градскиот плоштад, Кавадарци, 05.09.2008
Учество во “Винскиот Карневал“ - Гроздобер, 07.09.2008
18.08.2008 - Распоред на настапи на ФА “Тиквеш“ Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата во Кавадарци, по кратката летна пауза повторно започна со своите редовни проби и концертни активности. Во рамките на државната манифестација “Топол културен бран“ Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ на 21.08.2008 ќе настапи во Богданци, на 27.08.2008 во Неготино и на 28.08.2008 ќе настапи во Градско. Следните концерти и настапи се закажани за време на традиционалната манифестација “Тиквешки гроздобер“ која ќе се одржи на 5,6 и 7.09.2008 година.
"Денови на Кирилицата" - Баваниште, Србија Фолклорниот ансамбл "Тиквеш" кој работи при Домот на културата "Иван Мазов-Климе" во Кавадарци, учествуваше на Меѓународната манифестација " Денови на Кирилицата " која се одржа во Баваниште, Србија, од 23 до 25 мај 2008 година.
Како претставници на Македонија на оваа манифестација, кавадаречките играорци одржаа исклучително успешен концерт, кој беше извонредно примен од присутната публика. За да биде значењето на успехот на ФА "Тиквеш" уште поголемо, придонесе и присуството на повеќе национални и регионални телевизии од цела Србија, меѓу кои и уредниците на единствената ТВ програма на македонски јазик во Србија - Банатско сонце, која се емитува во Панчево.
Специјално за концертот, во организација на Македонското друштво од Јабука, во близина на Панчево, допатува цел автобус Македонци кои живеат во ова банатско село.На концертот присуствуваа и претставници на македонската амбасада во Белград - г-дин Александар Новотни - советкик - конзул , и госпоѓа Ратка Чокрева - Милошевиќ - министер-секретар.
Баваниште,Србија - 23-25.05.2008год.
Турнеа... Фолклорниот Ансамбл "Тиквеш" од 23 до 25 мај 2008 година, како претставник на Македонија, ќе учествува на Меѓународната манифестација "Денови на Кирилицата" која ќе се одржи во Баваниште, Србија. Домаќини на кавадаречките играорци ќе им бидат долгогодишните пријатели на Кавадарци и Македонија, членовите на КУД " Жарко Зрењанин" од Баваниште.
Kонцерт... Фолклорниот Ансамбл "Тиквеш" ќе одржи Специјaлен концерт со цел собирање средства за превоз, потребен за учеството како претставник на Македонија на Меѓународната манифестација "Денови на Кирилицата" која ќе се одржи во Баваниште, Србија од 23ти до 25ти мај 2008 година. Специјалниот концерт на кавадаречките играорци, заедно со нивните гости - познати естрадни музичари од Кавадарци, ќе се одржи на 11 мај 2008 година (недела) во салата на Домот на Културата во Кавадарци, со почеток во 20 часот.
Средба... Од 14ти до 16ти Март 2008 год. во посета на Домот на Културата и ФА "Тиквеш" во Кавадарци беше претседателот на извршниот одбор на КУД "Жарко Зрењанин" од Баваниште, Србија, г-дин Југослав Марјановиќ. Меѓу другите пријателски разговори, во целост е договорено учеството на ФА "Tиквеш" на меѓународната манифестација "Денови на Кирилицата" во Баваниште, каде што кавадаречките играорци ќе настапат со специјално подготвена програма.
Настап на ФА Тиквеш во Баваниште,Србија - 2003год.
Покана... ФА "Тиквеш" доби покана да учествува на седмата по ред меѓународна манифестација “Денови на кирилицата“ која ќе се одржи од 23 до 25 мај 2008 година во Баваниште, Србија. Поканата доаѓа од КУД “Жарко Зрењанин“ од Баваниште, со кое Домот на Културата од Кавадарци соработува од 1996 година.
Наскоро!!! Фељтон "Културни амбасадори"
14.02.2008
На 14.02.2008 год. по повод празникот Свети Трифун, на плоштадот во Кавадарци се одржа манифестација за одбележување на Христијанскиот празник.
Учество во манифестацијата завзема и Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ со две одиграни кореографии и една комбинирана кореографија со балетската група при домот на културата “Иван Мазов - Климе“.
Со одличниот настап веселите играорци ја расположија и развеселија бројната публика која го исполнуваше плоштадот. Фолклорниот Ансамбл “Тиквеш“ беше шлагот на манифестацијата со одличната кореографија “Гроздобер“. АРХИВА:
This text will be replaced by the flash music player.
|
|
|
© Copyright Folkloren Ansambl Tikves 2008, All rights reserved Designed by Vasko Panovski |