Настани во 2009...
Tурнеја на ФА “ТИКВЕШ“ во Србија - Горњи Милановац и Баваниште Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш,, најпознатиот и најголем културен амбасадор на Кавадарци, реализираше успешна турнеја во Србија. Од 20 до 24 мај 2009 година гостуваше во Горњи Милановац и Баваниште. По покана од КУД ,,Типопластика,, кавадаречките играорци гостуваа по првпат во Горњи Милановац од 20 до 22 мај 2009. Одличен прием кај домаќините, кои се потрудија ова гостување да остане во паметење. Заедничкиот двочасовен концерт на Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш,, и КУД ,,Типопластика,, се одржа на отворена сцена во центарот на Горњи Милановац, пред бројна публика и како што се и очекуваше, одличната игра на кавадареките играорци предизвика срдечни аплаузи, а концертот ги даде очекуваните резултати. Кавадарци преку овие млади луѓе доби нови пријатели.
Во Баваниште пак, ансамблот ,,Тиквеш,, учествуваше на манифестацијата ,,Денови на кирилицата 2009,, по покана од долгогодишните пријатели на Кавадарци и Македонија КУД ,,Жарко Зрењанин,,. Одлична организација на оваа меѓународна манифестација единствена од овој тип на Балканот и се разбира мотив плус да се покаже македонското фолклорно и културно богатство пред пријателите од Баваниште. За да коцертот има комплетна убава слика, мораме да ги споменеме и членовите на Заедницата на Македонците од Јабука, кои специјално пристигнаа за да го погледнат концертот на Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш,,. Престојот во Баваниште заврши на 24 мај 2009, а со тоа и оваа успешна мини турнеја низ Србија.
АРХИВА:
This text will be replaced by the flash music player.
|
|
|
© Copyright Folkloren Ansambl Tikves 2008, All rights reserved Designed by Vasko Panovski |